Екипата на Магдебург цела сезона се мачи со бројни проблеми со повредени ракометари, но врвот беше достигнат викендов, откако германскиот клуб повторно остана без услугите на Гисли Кристијансон. Извонредниот исландски интернационалец настрада во првото полувреме од дуелот со Лемго, жалејќи се на силна болка во пределот на рамото. Тој го напушти теренот и воопшто не се враќаше во игра, а првичните информации говорат дека станува збор за проблем ...

Магдебург и оваа сезона се соочува со бројни проблеми со повреди, а најновиот удар доаѓа во најлош можен момент непосредно пред завршницата од Лигата на шампионите. Исландскиот репрезентативец и еден од клучните играчи на германскиот шампион, Гисли Кристијансон, заработи повреда на рамото во првото полувреме од мечот против Лемго. Веднаш ја напушти играта и не се врати на теренот, а првичните наводи од клубот укажуваат на повреда на лигаментите, ...