Така е кога не се користат шансите, кога немаш играч да постигне гол. Работнички – Башкими 0:2 попладнево на Арената во Скопје во меч од 2.коло во ПМФЛ. Не дека тимот на Маркоски играше слабо, напротив. На моменти беше подобар тим, имаше барем 5-6 шанси за гол, но овој Работнички нема играч што ќе даде гол, и затоа губи или игра реми. Ова лето на четири официјални меча, во Европа два, во Кавадарци кај Тиквеш и попладнево, Работнички не успеа да ...
Башкими го обезбеди првиот триумф по враќањето во Првата лига откако го совлада Работнички на Националната Арена славејќи со 0:2. Лука Робакидзе во 36. минута си постигна автогол, а Ресуљ Мемети погоди во 78. минута за 0-2. Работнички имаше поголем посед на топка, имаше и шанси, но Башкими постигна два гола и освои три бода. Во 13. минута прва голема шанса за Работнички. Далеј од левата страна подготви можност за Калани Алмеида, тој шутираше од ...