Целта ни е да го олесниме животот на граѓаните и да го подобриме стандардот, не е лесно, тешко е, такви се времињата, но ќе се бориме да им олесниме на нашите сограѓани, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со инфлацијата и мерките кои ги презема Владата. Тој рече дека инфлацијата за јули во Македонија е на исто ниво како во земјите во регионот, од Словенија, Унгарија до Грција, од 4 до 5 отсто. – ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата размислува зголемувањето на платите да биде врзано со растот на продуктивноста. „Во делот на примањата, резонирањето и размислувањето во иднина ќе биде во делот на зголемување на продуктивноста, односно поврзување на продуктивноста со зголемување на личните доходи“, изјави Мицкоски, одговарајќи на прашања на новинарите по презентацијата на новопристигнатата опрема од САД во касарната во ...