Што навистина се случува со Пелистер? По првите 45.минути од последниот меч од 7.коло во ПМФЛ, битолчани дома губат со 0:2 и се на прагот да го забележат четвртиот пораз во низа. Составот на стратегот Димитар Капинковски одигра ужасно прво полувреме. За разлика од домашните, гостите одиграа како што треба, креираа неколку добри акции, а две од нив преку фантастичниот Недим Хаџиќ завршија со два гола за водство од 0:2 и тоа во 6. и 20.минута. ...

Пелистер – Башкими 1:2 е исходот од последниот меч од 7.коло во ПМФЛ кој се одигра попладнево на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола. Ова е четврти пораз на битолчани во низа, од кој втор пред своите гледачи. Лошо, ужасно прво полувреме за составот на Димитар Капинковски, губеа и со 0:2. Тоа го искористија гостите кои со двата гола на Недим Хаџиќ имаа водство од два гола. Во второто полувреме Пелистер заигра многу подобро, имаше и пенал кој ...