Ова ќе биде прва средба меѓу двајцата моќници од 2019 година, кога се сретнаа во Осака. Според планот, претседателите прво ќе разговараат насамо, а потоа ќе се сретнат и нивните делегации Сите погледи денеска се вперени кон воената база во Енкориџ, Алјаска, каде американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин треба да се сретнат во 21:30 часот по средноевропско време. Трамп ја напушти Белата куќа и полета кон Алјаска ...
„Високи влогови!“ напиша американскиот претседател Доналд Трамп на својата мрежа Truth Social, пред да се качи во авионот „Ер Форс Уан“ и да полета за Алјаска. Во најголемата американска федерална држава, која Америка ја купи од Русија пред речиси 160 години, Трамп ќе одржи состанок – многу го нарекуваат „историски“ – со рускиот претседател Владимир Путин. Тоа ќе биде нивна прва средба по шест години, но сега во значително изменети геополитички ...