Британската влада објави проширување на финансиската поддршка за извозниците за 20 милијарди фунти (26 милијарди долари), вклучително и за компаниите погодени од царините наметнати од САД, во обид да им обезбеди стабилност и безбедност во „новата ера на глобалната трговија“, објави Ројтерс. Царините, воведени од американскиот претседател Доналд Трамп, ја зголемија неизвесноста за британските компании во врска со нивната изложеност на новиот ...
Онлајн продавниците „Тему“ и „Шејн“, кои потекнуваат од Кина, најавија дека ќе ги прилагодат цените на своите производи од 25 април, како резултат на новите царини воведени од САД. Овие компании ги повикаа потрошувачите да ја искористат можноста дотогаш да купуваат по актуелните цени, пренесе „Ројтерс“. „Поради неодамнешните промени во правилата и тарифите во глобалната трговија, нашите оперативни трошоци се зголемија. За да продолжиме да ги ...