Директорот на средното училиште „Лазар Личеновски“, Димитар Филиповски, ја потврди информацијата дека МВР уапсило педесет и двегодишен професор, под сомнение дека сексуално вознемирувал ученичка од четвртиот клас и барал да имаат полови односи. Осомничениот е уапсен завчера попладне откако соученички на жртвата го пријавиле случајот кај директорот кој пак го известил МВР. Скопски наставник сексуално вознемирувал 18 годишна ученичка Б.С. ...
Нему одземен му е пасошот, има забрана за приближување до девојчето, како и забрана за извршување на работните обврски. „На лицето определени му се мерки за претпазливост. Одземање на патна исправа, забрана за приближување на неколку лица и забрана за извршување на работните задачи“, велат од МВР. Неофицијално, на информативен разговор во полиција биле повикани и поранешни ученички за кои постојат индиции дека биле вознемирувани од истиот ...

