Српската репрезентација пред себе го има ментално најтешкиот натпревар, натпреварот по најголемиот неуспех, поразот од Албанија од 1-0. Сега игра против Андора на гости каде Драган Стојковиќ Пикси нема да патува, тој веќе е поранешен тренер, а вчера изјави дека тимот ќе го предводи Горан Ѓоровиќ. Сепак, како што објави „Моцартспорт“, селектор на Србија на тој натпревар против Андора ќе биде – Зоран Мирковиќ, уште еден од истата генерација ...
Според најновите информации објавени од повеќе српски медиуми, актуелниот тренер на Црвена Звезда, Владан Милојевиќ, е прв фаворит за да ја преземе селекторската функција на фудбалската репрезентација на Србија. По оставката на Драган Стојковиќ – Пикси, српската фудбалска федерација интензивно работи на избор на нов стратег кој ќе го води националниот тим во претстојниот квалификациски циклус. Првично, како најсериозен кандидат беше споменуван ...

