Барселона го победи Реал Мадрид со 2:0 на домашен терен со головите на Маркус Рашфорд во 9-тата минута и Феран Торес во 18-тата минута, обезбедувајќи ја одбраната на титулата во Ла Лига пред нивните најголеми ривали, три кола пред крајот на првенството. Дани Олмо беше еден од најистакнатите играчи на победникот. Тој прекрасно го намести вториот гол на Барселона, а во 50-тата минута беше во центарот на инцидент. Раул Асенсио го фаулираше ...
Каталонскиот тим уште во првото полувреме ја заврши работата и го скрши отпорот на најголемиот ривал. Резултатот беше отворен уште во деветтата минута кога Маркус Рашфорд мајсторски погоди од слободен удар и донесе ерупција од воодушевување на трибините. Само девет минути подоцна Барселона стигна и до втор погодок. Дани Олмо испрати одлична асистенција, а Феран Торес рутински ја затресе мрежата за водство од 2-0. Во продолжението Реал ...

