Министерството за надворешни работи на Полска во четвртокот соопшти дека трајно го повлекло својот претставник од Унгарија поради „непријателскиот чин“ на давање азил на поранешен полски заменик-министер кој се соочува со обвиненија за корупција. Односите меѓу двете членки на ЕУ и НАТО се влошија откако коалицијата на полскиот премиер Доналд Туск дојде на власт во 2023 година, заменувајќи ги конзервативците кои беа сојузници со унгарскиот лидер ...

Полска го отповика својот амбасадор во Будимпешта со што ја потврди одлуката за спуштање на нивото дипломатското претставништво наво Унгарија. Овој потег следува по објавата во среда од Левенте Маѓар, државен секретар за надворешни работи на Унгарија, кој го опиша отповикувањето на Полска „за жалење“ и „без преседан“ во историјата на односите во Централна Европа. Маѓар ја припиша одлуката на постепено влошување на политичките врски, но нагласи ...

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски денеска го обвини унгарскиот премиер Виктор Орбан за саботирање на Европската Унија со години заедно со Русија, додека „неговата земја ја претвора во најсиромашна земја во ЕУ преку грабеж и национализам“. -Виктор Орбан ја направи Унгарија најсиромашна земја во ЕУ, а сега се заканува дека ќе ја напушти. Оваа закана не ме изненадува бидејќи со години ја саботираше Унијата во координација со ...