Скопје, 13 јуни 2025 Пред само неколку дена, на нашата прва прес-конференција од 3 јуни, ја повикавме градоначалничката Данела Арсовска конечно да каже кој е вистинскиот сопственик на огромната дивоизградена зграда во Сарај и зошто Град Скопје не презема ништо против урбаната империја на нејзиниот пријател Блерим Беџети. Наместо одговор – добивме молк. Денес ѝ се обраќаме повторно, со нови факти што го прават нејзиното молчење уште поосомничено. ...

Коалицијата „Вреди“ денеска ја обвини градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за „намерна тишина и соработка со приватни интереси поврзани со бесправната градба во општина Сарај, што се поврзува со актуелниот градоначалник на оваа општина, Блерим Беџети“. Препорачано „Госпоѓо Арсовска, не се изјаснивте ниту со еден збор. Дали штитите приватен интерес или личен интерес поврзан со Блерим Беџети? За кого се заколнавте дека ќе работите – за ...