Беше доделен првиот медал на Олимписките игри во Париз , а честа да го прослави ја имаше репрезентацијата на Казахстан во стрелаштво. Тие го освоија третото место, односно бронзениот медал во екипна конкуренција со воздушна пушка на растојание од десет метри. Тоа е првиот олимписки медал во стрелаштво за Казахстан од 1996 година. Така тој ќе влезе во историјата на овие игри како прв освојувач на медал, а речиси сигурно е дека нема да биде ...

Јапонската џудистка Хифуми Абе освои златен медал во категоријата до 66 килограми, Дијора Келдијорова од Узбекистан во категоријата до 52 килограми, а Косово го освои првиот медал на Олимписките игри во Париз. Имено, џудистката Дистриа Красниќи по неколку одлични настапи го освои сребрениот медал во категоријата до 52 килограми. Таа особено импресионираше во полуфиналниот дуел против Италијанката Одета Џуфриде, а во финалето беше сопрена од ...