Шарлот Грифитс (40), новинарка на „Мејл он сандеј“, тврди дека била присутна кога принцот Вилијам им објаснил на група заеднички пријатели дека неговата сопруга Кејт Мидлтон имала утрински мачнини. Новинарката Грифитс вчера изјавила пред судот во Лондон дека принцот Вилијам ѝ рекол во 2012 година дека неговата сопруга Кејт Мидлтон е бремена, неколку дена пред веста официјално да биде објавена во јавноста. Грифитс на сослушувањето пред ...
Принцот Хари и неколку други познати личности го тужат моќниот издавач „Асошиејтед њузпејперс лимитед“ (АНЛ). Тужбата на принцот Хари против АНЛ е неговата последна во низата тужби против британските медиуми, по години судски спор за незаконски практики на објавување на таблоидите. АНЛ енергично ги негирал обвинувањата, тврдејќи дека нивното известување е легитимно. Пред лондонскиот суд се појави и Шарлот Грифитс, новинарка и уредничка на ...

