По вчерашното кратко, но интензивно невреме, проследено со силен ветер, без струја речиси 19 часа се кочанските села Соколарци, Спанчево, Жиганци, Подлог, Нивичани и уште неколку други. Поради тоа што нема струја, жителите во овој жежок дека се и без вода за пиење, бидејќи селските водоводи главно работат на струја. Според жителите, сијалиците светнале синоќа околу 22 часот, но околу полноќ повторно останале без струја и од тогаш досега ...
Последиците од невремето врз електродистрибутивната мрежа сè уште се видливи на терен, соопшти Електродистрибуција. Од компанијата апелираат граѓаните да не се приближуваат до паднатите бандери и столбови за пренос на електрична енергија. „Евидентирани се повеќе паднати и скинати проводници, предизвикани од паднати гранки, делови од кровови и фасади, како и од силниот ветер. Иако дел од нив во моментов не се под напон, по повторното ...

