„Аки Рахимовски остави неизбришлива трага во музичката историја на регионот, а неговиот дух е длабоко поврзан со Скопје. Време е градот да му оддаде трајна почит – со сцена што ќе живее преку новите генерации музичари и уметници“, смета Трајановски. Како што се додава во соопштението, во неговата програма предвидува враќање на Скопскиот фестивал, што со децении беше симбол на македонската музичка традиција и новите уметнички струи. Фестивалот, ...
Скопје, 12 октомври 2025 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Скопје, Александар Трајановски од коалицијата „Искуство за успех“, најави дека летната сцена во Градскиот парк ќе го добие името „Аки Рахимовски стејџ“, во чест на легендарниот пејач на групата „Парни Ваљак“. Со ова ветување, Трајановски најави симболично враќање на духот на градот што отсекогаш живеел преку своите музичари, фестивали и уметници, пишува во денешното соопштение на ...