Првпат го клупската историја Пари Сен Жермен е европски првак, а Франција се радува на втората континентална титула, по онаа на Олимпик Марсеј во 1992 година. Во нерамноправно финале во Минхен, ПСЖ на Луис Енрике го декласира Интер со 5-0 (2-0). Ова е четврти трофеј сезонава за „светците“ и втора тројна круна за Луис Енрике, по онаа во 2016 година со Барселона. Поразот на „нераѕурите“ е најтежок во историјата на финалните натпревари во Лигата на ...

Ракометарките на унгарски Ѓер се закитија со нов трофеј во Лигата на шампионките, и практично го одбранија освоениот минатата сезона. Во финалето во Будимпешта, Ѓер ја совлада екипата на Оденсе со 29-27. Унгарскиот тим се стекна со голема предност од 20-15 уште по првиот дел. Од почетокот до крајот Ѓер имаше предност, и на крајот заслужено се радуваше на својот седми пехар во ова натпреварување во историјата. Драма имаше само во финишот, кога ...