Воведувањето дополнителни царини од 30% за производите увезени од Европа, што во текот на викендот го најави американскиот претседател Доналд Трамп, земјите членки на ЕУ го сметаат за целосно неоправдано и неосновано, изјави по денешниот состанок на министрите за трговија, шефот на данската дипломатија, Ларс Локе Расмусен, чија држава од 1-ви јули го презеде претседавањето со Унијата. ЕУ останува посветена на пронаоѓање заеднички прифатливо ...

Исланд има доволно јавна поддршка за обновување на преговорите за приклучување кон Европската Унија, изјави денес министерката за надворешни работи на земјата, Торгедур Катрин Гунарсдотир, пред посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на островската држава. Препорачано Нејзината посета, според „Политико“, ќе се случи во време кога Исланд ги разгледува последиците од трговската војна меѓу нејзините два најголеми ...

Брисел, 15 јули 2025 (МИА) - Европската Унија смета оти „на дофат“ е принципиелен договор во трговските преговори со САД и сите нејзини напори во моментов се насочени и фокусирани во тој правец, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за економска безбедност, трговија, финансиски услуги и царини Олоф Гил. - Немаше да се вклучиме во преговори, ако не мислевме дека тие преговори би можеле да доведат до добар резултат, истакна Гил. Тој ...