Протестот ќе започне во 12:05 часот од Градскиот парк и ќе продолжи до Општината и локалната канцеларија на МВР. Семејствата на настраданите ќе го изразат своето незадоволство од реакцијата на институциите, која според нив, била доцна и придонела за трагедијата во која загинаа 62 лица, а 193 беа повредени. Според нив, по трагедијата не се преземени доволно мерки, а процесот на одговорност оди бавно. Дел од семејствата се чувствуваат изоставени ...

Болка и гнев пред институциите – протестите ќе продолжат секоја сабота Во Кочани денеска се одржа третиот протестен марш под мотото „Задоцнета реакција“. Протест во знак на револт поради трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа млади животи. Родителите на жртвите, придружени од граѓани, излегоа на улиците со едно барање – правда за нивните деца. Истрагата за пожарот во Кочани во тек, МВР постапува по насоки на Обвинителството Маршот ...

Утре, наместо да кршиме јајца дома, ние ќе појдеме на гробишта и таму ќе ви донесеме јајца на вашите вечни почивалишта. Правда мора да има – порачаа родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“, кои денеска повторно одржаа протестен марш. Со фотографии од своите најмили во рацете, побараа одговорност. Маршот започна од Паркот на револуцијата, а потоа поворката се упати кон трговскиот центар, каде пред кафе-барот на сопственикот на дискотеката ...