Сојузот на синдикати најави протести од следниот месец, не како притисок за уцена како што велат, туку ќе бараат леб за работниците, доколку не се исполни барањето за 500 евра минимална плата. Велат, правата загарантирани со Устав ќе ги бараат на улица со оглед поскапувањето на животот во земјава. ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека постапките на Синдикатот се координирани со опозицијата. Власта остава работниците и работодавачите да најдат компромис. ...

ССМ обвинува дека власта намерно ги минирала преговорите за платата и оти преку општините и министерства прави притисоци за да ја зајакне Конфедерацијата на слободни синдикати. Владата, пак, ќе преиспитува кој е репрезентативен, тврди дека сака „фер и правична застапеност на работниците“. Кој синдикат е релевантен, кој не е, колку е реална потрошувачка кошничка, која синдикална организација е поблиска до една или до друга политичка партија … ...

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) се враќа на улица поради висината на минималната плата, но и поради константниот притисок и етикетирање од владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Од ССМ обвинија дека директори поставени од владеачката партија, користат притисоци за да го прелеат членството во КСОМ, како и дека намерно тактизираат со утврдување на репрезентативноста на ССМ. Претседателството на ССМ своите седници ќе ги држи на отворено, како што ...