Крилото на Алијанса за Албанците, предводено од Зијадин Села, денеска преку соопштение истакна дека тетовскиот суд донел одлука во врска со партиските печати и дека тие му припаѓаат на Таравари и неговото крило. Од таборот на Села ја обвинуваат судската власт за политичко влијание по последната одлука која, според него, има за цел да ја ослабе партијата. Судскиот процес трае неколку години. Предметот двапати беше вратен и трипати разгледуван ...
Алијанса за Албанците (АА) која ја предводи Зијадин Села преку соопштение реагираше на одлуката на судот во Тетово со која раководењето на АА му е доделено на Арбен Таравари. „Денешната одлука на судскиот систем само го потврди она што постојано го кажувавме, дека Арбен Таравари е слуга на овој заробен систем кој работи против Албанците и против Алијансата за Албанците. Водевме судска битка убедени во нашите статутарни и законски права, но ...

