Во синоќешната емисија на македонско-бугарската седенка „Коридор 8“ разговаравме за неколку значајни настани што се случија во Бугарија, како поддршка за настраданите од трагедијата во Кочани, Република Северна Македонија. На спортскиот фронт, се одржа фудбалски натпревар помеѓу бугарските „Ѕвезди од 94-та“ и фудбалските ѕвезди на РС Македонија. Овој натпревар, исполнет со спортски дух и заедништво, имаше за цел собирање средства за оние кои беа ...
Концерт на класична музика во чест и со посвета на настраданите во пожарот во Кочани и во знак на поддршка кон нивните семејства се одржа на 27 април во салата „Тоше Проески“ во просторот на Македонската православна црква „Св. Злата Мегленска“ во Загреб. Концертот го организираа македонските студенти кои студираат на Музичката академија во Загреб, заедно со нивните хрватски колеги, во соработка со Советотот на македонското национално малцинство ...