Бесправно изградениот објект во старата чаршија на Струга веќе најавува „свечено отворање“, Основното јавно обвинителство во овој град со месеци не презема ништо, нагласува пратеничката од Левица, Јована Мојсоска. Таа вели дека веќе поднела неколку официјални поднесоци за стопирање на градежните активности, но обвинителството останува глуво и немо. „Не спие обвинителството само во Чаир – ОЈО Струга е во длабок зимски сон!“, предупредува ...

*Објава на Фејсбук на пратеничката Јована Мојсоска: Дивоградбата во срцето на струшката чаршија веќе најавува и “свечено отворање”, додека ОЈО Струга е во длабок зимски сон. Со Решение на овластен градежен инспектор е констатирано дека се гради незаконски, иако во скромниот одговор на инспекторот не добив потврда за сомнежите дека се узурпира и имот на РМ. На 16 ноември поднесов БАРАЊЕ до ОЈО Струга да поднесе барање до надлежниот суд за ...