Женската сениорска репрезентација од 30 мај до 1 јуни во спортската сала „Парк“ во Струмица, ќе биде домаќин на еден од трите турнири во првиот натпреварувачки викенд од годинешното издание во ЦЕВ Европската Сребрена лига. На сениорките по вторпат во нивната историја им се дава шанса да бидат дел од ова натпреварување, а тимот на селекторот Стефан Пауновиќ од првиот ден даде до знаење дека е подготвен да ја оправда шансата која му ја дава ...

Женската одбојкарска репрезентација ги прави финалните подготовки пред првиот турнир во ЦЕВ Европската Сребрена лига што се игра во Струмица. Салата „Парк“ ќе биде местото каде ќе ги одмериме силите со Луксембург и Швајцарија, а девојките очекуваат максимална поддршка од публиката во обидот да дојдат до позитивни резултати. -Оваа година искрено очекувам да постигнеме високи резултати. Мислам дека, конечно, и ќе победиме на некој натпревар. ...