Шеснаесетгодишното владеење на Виктор Орбан заврши, а системот квалификуван како „изборна автократија“ лежи во распад, поразен од 45-годишен поранешен член на партијата кој ги убеди повеќето Унгарци да му стават крај, пишува Би-Би-Си. „Успеавме“, им рече Петер Маѓар на граѓаните на плоштадот покрај реката Дунав, со поглед на величествениот парламент на Будимпешта од другата страна. Заедно го соборивме унгарскиот режим, истакна тој. ...
Шеснаесет годишниот мандат на Виктор Орбан во Унгарија заврши во неделата, со изборниот пораз на неговата партија Фидес. Неочекувано високата излезност на изборниот ден, која достигна малку под 80 проценти, на крајот излезе во полза на новоформираната партија Тиса на Петар Маѓар, која убедливо победи на изборите. Со обработени 97 проценти од гласовите, Тиса освои 138 места во унгарскиот Парламент, додека Фидес има само 55 (шест места ќе освои ...

