Обработливото земјоделско земјиште во Струмичко со децении се намалува од непланско користење и пренамена, велат земјоделцките здруженија. Наместо поттикнување да се засади секоја квалитетна површина со земјоделски култури, големи површини се пренаменуваат за изградба на индустриски објекти и фотоволтаици. Ваквиот тренд е присутен одамна, но ексалира псоледните години кога стотици хектари обработливо земјиште се најдоа под соларни панели. ...
Над 70 отсто од вкупното земјоделско земјиште во државата стои необработено. Најквалитетното државно земјоделско земјиште и најголемите земјоделски површини се дадени под концесија на големи компании, а не на вистинските земјоделци. Овие компании државното земјоделско земјиште го користат за нивни бизниси и остваруваат големи профити. Најчесто ова земјиште го користи за долгогодишни насади, односно производство на лешници, бадеми, ореви…, ...