Изложбата првично е претставена во Софија во август, сега е во Белград и ќе биде поставена до крајот на септември. Во почетоткот на октомври ќе биде поставена во Истанбул и до крајот на годината во Загреб. „Концепцијата што ја правеа кураторите за изложбата, е ‘приказна’ – Простори на спојување. Тука станува збор за комуникација меѓу големите наративи, големите идеи, големите нешта што го движат светот, и – малите лични драми, успеси подеми и ...

На 19 септември, со почеток од 18:30 часот, во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе се одржи отворањето на изложбата на Друштвото на ликовните уметници на Македонија со наслов „Експериментален цртеж“. Изложбата ќе биде отворена во присуство на претседателката на ДЛУМ – проф. д-р Јана Манева Чупоска, претставници на управниот одбор, совет и членови на Друштвото. Учествуваат 42 ликовни уметници: Синиша Новески, Иво ...