Кој ќе биде Златна копачка на Европа ќе биде одлучено следниот викенд. Во моментов во водство е Виктор Ѓекереш со 39 гола, но и само 58.5 поени, бидејќи головите во португалското првенство се вреднуваат со коефициент 1.5. Килијан Мбапе со голот против Севиља дојде до 29 погодоци, што помножено со коефициентот два за шпанската лига, значи дека има 58 бода, или само половина помалку од Ѓекереш. Првенството на Португалија веќе заврши, а Мбапе и со ...
Ливерпул и Реал Мадрид дефинитивно немаат за што да играат во финишот од сезоната, но сепак двајца членови на овие два тима играат за престиж и што повеќе постигнати голови, од едноставна причина што се во трка за европската „Златна копачка“. Признанието кое му се дава на најдобриот голгетер влезе во завршната фаза од рангирањето, а во топ три се Виктор Ѓекереш, Килијан Мбапе и Мохамед Салах. Ѕвездата на Ливерпул денеска имаше добра шанса да се ...