Ракометарките на Ѓорче Петров цела сезона доминираа на терените ширум Македонија, па денеска заслужено го кренаа шампионскиот пехар како награда за одличната сезона. Ѓорчепетровки неочекувано загубија на домашен терен од Металург со 23-30, но дуелот немаше преголемо значење ако се знае дека титулата однапред беше осигурана, а Металург без оглед на овој меч секако ја завршува сезоната на второто место. Дербито мина во израмнета игра во првото ...
Екипата на ЖРК Ѓорче Петров е старо-нов шампион на Македонија кај дамите, затоа што одигра доминантна сезона во која доживеа само еден пораз и тоа во последното коло, пред да го прими пехарот. „Лавиците“ загубија од Металург Автокоманда со 23-30 (13-14), во меч кој ним им беше безначаен затоа што веќе го осигураа првото место. По крајот на натпреварот, тимот на Симе Симовски ја прими шампионската круна. Следен предизвик за „лавиците“ ќе биде ...