Со победата со максимални 3:0 над селекцијата на Грузија, Македонија повторно ќе игра на завршницата на Европското одбојкарско првенство. Во клучниот меч кој одлучуваше за последниот патник на континенталниот собир, момците на Јошко Миленкоски ја покажаа својата зрелост и квалитет, дојдоа до максимално убедлива победа, со одличен поен-количник, подобар од оној на Австрија и го потврдија очекуваниот настап на Евроволеј 2026. МАКЕДОНИЈА – ГРУЗИЈА ...
Уште еден голем успех на македонските одбојкари, нашата репрезентација го продолжува континуитетот на настапи на континенталните собири. Таму одиме како една од најдобрите пет второпласирани селекции во квалификациите. Денеска ни беше потребна максимална победа над Грузија, дојдовме лесно до неа и го заверивме пласманот. Македонија вечерва беше најубедлива во првиот сет кој го добивме со 25-13. Грузијците во вториот земаа 16 поени, а во третиот ...