На денешниот деветти по ред „Марш за ангелите“ во Кочани, дел од родителите на настраданите лица во големата трагедија порачаа дека не се правници и дека обвинението од ОЈО им било дадано по членови и закони и кој како постапил или не постапил. Велат дека ништо не сфатиле. Најавија поднесување на барање до Основното јавно обвинителство во понеделник. -Сметаме дека е од суштинско значење, ОЈО во Кочани конечно и целосно да не запознае со исходот ...

Родителите на младите жртви во пожарот пред три месеци доставиле официјално барање за средба до обвинителството во Кочани и сега се разгледуваат можностите да се најде локација во Кочани каде би се остварила средба помеѓу надлежните обвинители за несреќата и семејствата на загинатите во дискотеката, на која би им биле објаснети сите аспекти од поднесеното обвинение, информираат за весникот ВЕЧЕР од Јавното обвинителство. „Блиските на жртвите кои ...