Од Партијата на пензионери велат дека се непријатно изненадени од најавеното зголемување на цените на банкарските услуги од страна на две од најголемите банки во државата. Според партијата, изненадувањето е уште поголемо затоа што некои банки во регионот овие цени ги намалија, а во некои земји, како Хрватска, за основните банкарски услуги пензионерите и другите ранливи категории на граѓани не плаќаат провизии за овие услуги. -Пензионерите се ...

Само од нето провизии банките во Македонија лани остварија вкупна добивка над 118 милиони евра, покажуваат податоците од извештајот на Народната банка. Тој износ е поголем за 3 милиони евра споредено со 2024 година, што претставува раст од 2,7%. Што се однесува до вкупните профити на банките, тие во 2025 година изнесуваат скоро 304 милиони евра, односно за 21 милион евра повеќе од 2024 година, што е раст од 7,5%. Тоа значи дека повеќе од ...