Фудбалската репрезентација на Македонија ги привршува мини-подготовките за гостувањето во Гент и дуелот против Белгија во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026. Напаѓачот на Глазгов Ренџерс, Бојан Миовски, очекува поволен резултат со помош на повеќе од 1.000 македонски навивачи кои веќе имаат купено билет за мечот во Гент. „Знаеме против кого играме. Последна фаза од квалификациите. Покажавме дека можеме, први сме со супер ...

Македонија има биланс од три победи и две реми средби по пет комплетирани рунди во квалификациската група за Светското првенство, па во последните три рунди влегува како првопласирана пред Белгија и Велс. Избраниците на Благоја Милвески вчера го имаа првиот собир за октомврискиот прозорец и веќе се подготвуваат за тоа што следи, а првиот испит ќе биде и најтежок во овие квалификации, бидејќи Македонија ќе му гостува на фаворитот Белгија во Гент. ...