Ова гостување е дел од програмата „Денови на независниот театар“, која оваа година опфаќа осум независни продукции од регионот, вклучувајќи претстави од Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора и Северна Македонија. Продукцијата на независниот театарски колектив „Театар Вортекс“, со поддршка на Министерството за култура на Северна Македонија, нуди сценско истражување на човечките искуства во свет обликуван од хиерархии и борба за моќ. Преку ...

Претставата „Слугинки“ во режија на Теодора Силјаноска в среда на 12 март (20 часот), ќе гостува на Деновите на независниот театар во Кралскиот театар Зетски дом – Цетиње, Црна Гора. Претставата е во продукција на Театар Вортекс. И годинава се избрани иновативни и независни театарски продукции од регионот, кои нудат нови перспективи, па во својата селекција имаат 8 различни претстави од Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора и од Македонија. ...