Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на АТП 250 турнирот во Женева, и ако го добие тој меч, ќе ја освои 100-тата турнирска победа во кариерата. Денеска во полуфиналето Новак славеше против Камерон Нори со 6-4, 6-7, 6-1. Во вториот сет Србинот испушти меч-топка, го загуби сетот во тајбрејк и тоа како да го налути, па го декласираше противникот во третиот. Во 143-тото финале во кариерата, Ѓоковиќ ќе се сретне со Хуберт Хуркач против кој има 7-0 ...
Вториот грен слем турнир оваа година, Ролан Гарос (25 мај – 8 јуни), кој српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои во 2016, 2021 и 2023 година, започнува денеска на тениските терени во Париз, Франција. Препорачано Ѓоковиќ ќе има можност да го освои 101 АТП трофеј во кариерата во Париз, откако во саботата беше најдобар во Женева, Швајцарија, каде го освои својот 100 трофеј. Србинот во првото коло ќе игра против Американецот Макензи Мекдоналд, кој ...
Србинот Новак Ѓоковиќ го победи Полјакот Хуберт Хуркач во денешното финале на турнирот во Женева со 2:1, по сетови 5:7, 7:6 (7:2) и 7:6 (7:2). Мечот траеше 3 часа и 8 минути. Ѓоковиќ ја освои својата 100-та АТП титула во кариерата. Вкупно, тој има 143 финалиња. Триесет и осумгодишниот Србин стана третиот тенисер во Отворената ера со 100 победи во финалињата на АТП турнирите. Тој има 24 Грен слем титули, седум титули на АТП финалињата, 40 ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои АТП турнирот во Женева и со тоа стигна до 100. трофеј во кариерата откако денеска во финалето го совлада Полјакот Хуберт Хуркач по големиот пресврт со резултат 2:1 (5:7, 7:6(7:2), 7:6(7:2)). Од 100-те титули на Ѓоковиќ, 24 се највредните можни, од Грен слем турнирите, 40 се од Мастерс, а седум од завршните мастерс сезони. Минатата година Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките игри во Париз, со што ...