Марио Балотели на крајот од месецов и официјално ќе стане слободен фудбалер, откако ќе му заврши договорот со Џенова, екипа во која и не се изнаигра. Кариерата на поранешниот италијански репрезентативец од поодамна е во надолна линија, па оваа сезона забележа само шест настапи, а на тревникот мина само 56 минути. Вредноста на трансфер-пазарот му е скромни 500.000 евра, а може да го допре дното доколку се остварат најавите за неговиот следен ...

Угледниот „Ас“ пренесува дека агентите на Марио Балотели го понудиле фудбалерот на шпанскиот третолигаш, Мурсија. Италијанскиот напаѓач ја завршува етапа во Џенова (договорот му истекнува на 30 јуни), каде не се прослави и одигра само 57 минути, а интересот за неговите услуги очигледно опаѓа со секој изминат ден. Се шпекулира дека Мурсија ја разгледува понудата и наскоро ќе донесе одлука дали ќе го ангажира офанзивецот кој своевремено важеше за ...