Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, уште еднаш ги разочара многубројните фанови, откако го загуби и третиот меч во низа, овој пат од 44-тиот тенисер во светот на стартот од турнирот во Мадрид. „Се надевав дека можам да одиграм барем еден меч повеќе за разлика од турнирот во Монте Карло. Ова е мојата реалност, морам тоа да го кажам. Да победам еден или два меча, а да не размислувам дека ќе дојдам до завршницата. Ова е целосно ново ...

Интер влезе во непосакуван ритам во најлош можен период, а третиот пораз во седум дена навистина ќе влијае негативно на психолошки план пред тоа што следи. Поразот од Болоња пред една седмица изгледаше само како инцидент од кој играчите на Инѕаги брзо ќе се опорават, но наместо тоа, следеше елиминација од Милан во Купот, а денеска и нов пораз од Рома во Серија А. Интер веќе не зависи сам од себе во битката за титулата во домашното првенство и ќе ...

Новак Ѓоковиќ претрпе нов тежок удар во обидот да се врати во посакувана и препознатлива форма, бидејќи претрпе трет пораз во низа од тенисер кој е далеку послабо рангиран од него. Србинот на трет голем Мастерс турнир оваа сезона претпре елиминација уште на првиот меч, а овојпат во улога на негов „џелат“ се покажа Матео Арналди кој го одигра најдобриот меч во својата кариера. Италијанецот кој е 44-ти на АТП листата режираше ново непријатно ...