Москва и Киев се согласија да разменат тела 6.000 загинати војници, објави украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров по втората рунда директни разговори во Истанбул. Во изјава за медиумите по преговорите, Умеров, кој ја предводеше делегацијата на Киев, изјави дека двете страни разговарале за голем број теми, вклучувајќи прекин на огнот, хуманитарни прашања и потенцијална средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот ...

Неколку часа по втората рудна мировни разговори во Истанбул, Русија и Украина ги продолжија нападите. Гранатирани неколку региони, жртви и повредени во Суми, предизвикана значителна штета на инфраструктурата. „Можеме да видиме дека ѕидовите се оштетени, напојувањето со електрична енергија било прекинато. Повеќето од прозорците се оштетени. Автомобилите биле изгорени“, изјави Станислав Полјаков, заменик-градоначалник на Суми. Нападната и Одеса, ...

По новите преговори кои се одржаа денеска во Истанбул, Русите и Украинците се договорија за размена на сите воени заробеници помлади од 25 години и тешко ранетите, како и за предавање на телата на илјадници загинати војници, иако не беше договорен прекин на огнот. Втората рунда директни преговори меѓу Киев и Москва уследи еден ден по невидениот украински напад со беспилотни летала врз руската воена авијација и уништувањето на два моста во Русија ...