Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес, пред да се врати во Израел од посетата на Соединетите Американски Држави, изјави дека Иранците можеби ќе бидат принудени да прифатат „добар договор“ со Вашингтон. „Тукушто ја завршив кратката, но важна посета на Вашингтон, за време на која разговарав со нашиот голем пријател, претседателот Трамп“, рече Нетанјаху на аеродромот во воздухопловната база Ендрус во Мериленд, објави „Тајмс оф Израел“. ...

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека се надева оти американскиот претседател Доналд Трамп ќе создаде услови за постигнување договор со Иран и ќе го одврати Техеран од воени акции. Нетанјаху наведе делка евентуалниот договор треба да вклучува елементи, кои се многу важни за Израел – стопирање на иранската нуклеарна програма, ограничување на балистичките ракети и запирање на иранската поддршка за Хамас, Хезболах и Хутите. ...