Вчера се приведени 13 лица инволвирани во трагедијата во Кочани, потсети денеска на прес-конференција јавниот обвинител Љупчо Коцевски. Тој извести и дека денеска до Основниот суд во Кочани е поднесено обвинение против 34 физички и три правни лица за кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. „Денеска до Основен суд во Кочани се поднесува обвинителен акт против 34 физички и три правни лица за кривични дела со кои ...
34 лица ќе седнат на обвинителна клупа во Кочанскиот суд за трагедијата во дискотеката „Пулс“. Јавното обвинителство сите ги гони за тешки дела против општата сигурност. Според обвинението секој од обвинетите со своето постапување или непостапување, низ годините придонеле за пожарот во кој животот го загубија 62 лица. Се започнало од сопственикот кој во 2012 почнал со градежни работи за реконструкција на објектот. Без никакви дозволи издадени од ...