-На 26.12.2024 во 22.11 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Браќа Миладиновци” во Прилеп се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.М.(50) од Прилеп, излетало од патот. Од страна на Итна медицинска помош Прилеп С.М. бил пренесен во Градска болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп – ...
Четири возила учествувале во сообраќајната несреќа што се случи денеска на магистралниот пат Куманово – Крива Pаланка во атарoт на Младо Нагоричане, соопшти денеска СВР Куманово. Седуммина биле повредени, петмина полесно, двајца биле задржани во Oпшта болница Куманово, соопштија од итна помош Куманово. Сообраќајната несреќа во полицијата била пријавена во 12:15 часот. – На магистралниот пат се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко ...