Каират Алмати беше најнепосакуван ривал за сите 36 тима во Лигата на шампиони, од едноставна причина што казахстанскиот клуб граничи со Кина и е најдолга дестинација во новата сезона во најелитното натпреварување. Европските клубови ќе мора да минат повеќе од 5 илјади километри за да стигнат до Каират, а такво патување ќе има и најтрофејниот клуб во Лигата на шампиони, Реал Мадрид. „Кралевите“ добија доста тешки ривали во воведната фаза и ќе се ...

Екипата на Каират Алмати е најпријатното изненадување во групната фаза од Лига на шампиони. Тоа ќе биде еден од трите клуба кои се дебитанти во елитното натпреварување, заедно со Пафос и Бодо/Глимт. Фудбалерите на Каират Алмати заедно ја гледаа вчерашната ждрепка за тоа кои ќе има бидат противници во групната фаза. Посебна радост и возбуда предизвика моментот кога се дозна дека Каират Алмати ќе игра против најтрофејниот клуб во ЛШ, Реал Мадрид. ...