СДСМ реагираше на обвинувањата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, кој ги обвини дека работеле во интерес на Бугарија околу резолуцијата во Европскиот парламент.Притоа порачаа дека со толку многу бугарски државјани во раководството – ВМРО-ДПМНЕ може да формира влада и во Бугарија. -Откако секојдневно излегуваат информации дека целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ има резервна држава и резервен пасош, смешни се обидите на Миле Лефков да ја ...

Му препорачуваме да се скрие во дупка или да си отиде во резервната држава, наместо да држи прес-конференции за тоа кој бил патриот, а кој предавник. Освен лицемерие, поделби и лажен патриотизам, ДПМНЕ нема направено ништо повеќе од една година за граѓаните и за државата. Нивното владеење е една голема нула. Затоа Лефков и Мицкоски немаат што друго да зборуваат, освен секојдневно како папагали да ги повторуваат истите прес-конференции. Реалноста ...