Денеска со два меча од 17 часот продолжува второто коло во новата 2025/26 сезона во нашата елитна лига. По ремито на Кавадарци на стартот, тимот на Работнички секако дека очекува победа против Башкими. Овој натпревар се игра на Арената “Тодор Проески“ во Скопје. За очекувањата од таборот на клубот од Градски парк, свој коментар има младиот напаѓач на Работнички, Дашмир Елези: “„Мотивирани сме да стартуваме со победа на домашен терен. Ни гостува ...
Попладнево од 17 часот на стадионот “Благој Истатов“ во Струмица, се игра последниот меч од 2.коло во новата сезона во ПМФЛ. Се среќаваат домашната Брера и Пелистер. Тоа се две екипи кои на стартот беа убедливо поразени од Силекс и Вардар, па така денеска и двете екипи се во очекување на првите бодови во новата 2025/26 сезона. Во пресрет на натпреварот и од двата табори се нагласува оптимизмот, се ветува голема борба и секако добар резултат. ...