Најголем број од пријавите за сомнежи за корупција се во единиците за локална самоуправа по што следуваат извршната власт, правосудството, регулаторните тела, образованието, урбанизмот, здравството… По оваа основа, како што информира денеска претседателот на Комисијата, Адем Чучуљ, решени се 387 предмети и донесени се 359 одлуки. Бројот на донесени одлуки е помал од бројот на предмети затоа што некои од предметите биле споени. По 11 предмети ...
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) во 2025 година работеше под силен притисок и во услови на турбуленции, проследени со две оставки – прво на претседателката Татјана Димитровска, а потоа и на членката Цвета Ристовска. И покрај организациските потреси, Комисијата разгледувала 612 пријави, од кои најголемиот дел се однесуваат на корупција и судир на интереси. Најмногу пријави за корупција – 455 случаи во 2025 година Според ...

