Завршува учебната година, започнуваат летниот распуст и уписите во средно образование. За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден од учебната 2024/2025 година и до 31 август ќе бидат на летен распуст. За матурантите наставата заврши на 16 мај, а утре (11 јуни) ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура. Првиот дел – задолжителниот испит по мајчин јазик, над 15 000 матуранти го полагаа на 31 мај. ...

На последниот ден од учебната година, атмосферата во училишните дворови не беше како онаа на која сме навикнати секојдневно. Малкуте ученици кои денес беа на училиште или ги враќаа старите книги и земаа нови, или се поздравуваа со своите наставници. Според Фиторе Ќирези, директорка на основното училиште „Адем Јашари“ во Чаир, најголемиот предизвик што секоја година се зголемува за наставниците е претераната употреба на технологијата од страна ...

Почнува летниот распуст, денеска последен училишен ден. Во основните и средни училишта во Штип завршуваат 5480 ученика. Додека учениците ќе одмораат наредните три месеца, во училиштата се предвидени активности и реконструкции со што би се подобриле условите за настава за наредната учебна година од 1 септември. „2025 година на ниво на општина завршуваат 5480 ученика, од кои 3690 во основното и 1790 ученика од средното образование. Во летниот ...