Европски ракомет во Скопје вечерва нема да има. Рерванш финалниот дуел од Европскиот куп повеѓу Алкалоид и АЕК од Атина нема да се одигра поради фактот што грците не излегоа на терен. Причина за тоа се наводните закани кои што ги имаат од страна на навивачите кои што пристигнаа во Скопје, но не им беше дозволено да влезат во салата Борис Трајковски поради прекубројност. Имаа 200 билети на располагање, а ги имаше повеќе. Испратени назад, се ...

Голем скандал се случува пред стартот на вториот финален натпревар од Европскиот куп, откако грчкиот тим АЕК одбива да се појави на паркетот во салата „Борис Трајковски“ каде што треба да ги одмери силите со нашиот Алкалоид, кој пред една недела славеше среде Атина со 29-25. Причина за ова е притисокот што наводно го имале од нивните навивачи, да не го играат натпреварот во знак на протест на малиот број билети што тие го добиле за средбата во ...