Премиерот Христијан Мицкоски најави дека до крајот на неделата ќе има јасна позиција кој ќе добие поддршка за нов гувернер на Народната банка и оти изборот ќе биде на пленарна седница во Собранието на 20 мај. Еден од условите за поддршката од ВМРО-ДПМНЕ и Владата, како што изјави денеска, е стриктно бранење на фиксниот курс на денарот. А еве ги и очекувањата на експертите од новиот Гувернер. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. ...

До претседателот на Собранието Африм Гаши се уште не е пристигната оставката на министерот за здравство Арбен Таравари, а нема пристигнато ниту предлог кој ќе биде координатор на пратеничката група на ВРЕДИ или кандидат за гувернер на Народната банка. -Оставка се уште нема, а нема ни предлог за гувернер. Немаме никаква нова информација за пратенички групи, рече Гаши на денешната средба со новинарите. Сега за сега, како што кажа, нема ни нов ...

Трка со шест потенцијални имиња – финалната одлука наскоро Во понеделник, на 20 мај, Собранието ќе одлучува кој ќе биде новиот гувернер на Народната банка на Република Македонија. Главни кандидати за оваа висока функција се Зоран Ставрески, Трајко Славевски и актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска, а списокот со потенцијални наследници се проширува и со имињата на Маја Кадиевска Војновиќ и Борче Треновски. Премиерот Христијан Мицкоски ...

Премиерот Мицкоски не го открива својот кандидат на гувернер на Народната банка. Но поддршка од ВМРО-ДПМНЕ ќе добие кандидатот чиј приоритет ќе биде бранењето на фиксниот крус на денарот. – Не е битно кој е мој фаворит. Она коешто можам да го кажам како претседател на Владата е дека сите кандидати коишто се разгледуваат се вонсериски, искусни и кандидати коишто ќе ја одржат макроекономската стабилност на Македонија, рече Мицкоски. Мицкоски е ...