Синоќа во НБА беа одиграни само два натпревари, а победи запишаа Чикаго и Мемфис. Кошаркарскиот тим на Чикаго славеше дома против Кливленд со резултат од 127:111, предводен од Џош Гиди, кој го забележа својот шести трипл-дабл во сезоната, постигнувајќи 23 поени со 11 скока и 11 асистенции. Коби Вајт придонесе во победата на Булс со 25 поени, додека Никола Вучевиќ постигна 20. Донован Мичел беше најефикасен играч за Кливленд со 32 поени. Мемфис ...

Кошаркарите на Мемфис Гризлис изненадувачки славеа на гостувањето кај Минесота Тимбервулвс со 110-116 во НБА лигата. Гостинската екипа во „Таргет Центарот“ одигра подобро второ полувреме и тогаш успеа да си направи разлика за победата. Иако Мемфис беше близу, немаше драма во завршницата околу победникот. Прво име во победата на Мемфис беше Џерен Џексон со 28 поени, а фати и 12 скока. Во таборот на Минесота се истакна Џулиус Рендал со 21 поен. ...