Кошаркарите на Фенербахче го совладаа Панатинаикос во првото полуфинале на завршниот турнир во Евролигата со конечни 82-76 и обезбедија пласман во големото финале. Турскиот гигант успеа да го запре напаѓачки најдобриот тим во елитата, кој воопшто немаше свој ден и имаше 13 загубени топки, а остана и без јасна и широка идеја во офанзивата. Фенер многу подобро го започна мечот, имаше водство скоро во целиот тек на првите две четвртини, а успеа да ...

Фенербахче Беко Истанбул стана шампион на Туркиш Ерлајнс Евролигата за 2025 година, откако во финалето на „Етихад Арена“ во Абу Даби го совлада Монако со 81-70. Ова е втора титула во историјата на турскиот гигант, кој наметна доминација во клучните моменти од натпреварот. Монако имаше предност во најголемиот дел од првото полувреме, но Фенер заврши силно и поведе со 35-33 на паузата. Во третата четвртина се играше изедначено, а одлучувачки ...