Легендарниот аргентински фудбалер, Матијас Алмеида, официјално е нов тренер на шпанската Севиља, со која потпиша договор до 2028 година. Алмеида доаѓа во Андалузија после тригодишната етапа во грчкиот АЕК и се очекува да ги подобри резултатите на тимот кој минатата сезона ја заврши на очајната седумнаесетта позиција. Како активен фудбалер, Алмеида го носеше дресот на Севиља помеѓу 1996 и 1997 година, а потоа беше дел од Лацио, Парма, Интер, ...

Севиља, 16 јуни 2025 (МИА) – Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља го назначи денеска поранешниот аргентински репрезентативец Матијас Алмеида (51) за нов тренер, потпишувајќи тригодишен договор. За време на неговата фудбалска кариера, Алмеида мина една сезона во Севиља, што беше негова прва европска станица по пристигнувањето од Ривер Плата, а подоцна играше во Италија за Лацио, Парма и Интер. Алмеида го постигна најголемиот успех во својата ...